Од 2 мај директен лет Скопје-Рим на „Алиталија“

Bez autora
Apr 21 2014

Нова директна линија на релацијата Скопје и Рим, аеродром Фјумичино, ќе воведе од 2 мај авиокомпанијата „Алиталија“. Летовите ќе бидат секојдневни и ќе се одвиваат со авиони „ембраер Е-175“. Во мај ќе се работи со редуциран распоред со 30 повратни лета Рим - Скопје - Рим, а од јуни целосен распоред со секојдневно летање. Од 1 јуни од Скопје авионите на „Алиталија“ ќе полетуваат во 5.30 часот со пристигање на Фјумичино, Рим, во 7.20 часот (во понеделник, вторник, петок и сабота), како и во 17.05 часот со пристигање во Рим во 18.55 (во вторник, среда и во сабота). Летовите од Рим ќе бидат во 21.30 часот со пристигање во Скопје во 23.20 часот (во понеделник, четврток, петок и недела) и во 14.35 часот со пристигање во Скопје во 16.25 часот (во вторник, среда и сабота).

Од 2 мај директен лет Скопје-Рим на „Алиталија“Нова директна линија на релацијата Скопје и Рим, аеродром Фјумичино, ќе воведе од 2 мај авиокомпанијата „Алиталија“.

Летовите ќе бидат секојдневни и ќе се одвиваат со авиони „ембраер Е-175“. Во мај ќе се работи со редуциран распоред со 30 повратни лета Рим - Скопје - Рим, а од јуни целосен распоред со секојдневно летање.

Од 1 јуни од Скопје авионите на „Алиталија“ ќе полетуваат во 5.30 часот со пристигање на Фјумичино, Рим, во 7.20 часот (во понеделник, вторник, петок и сабота), како и во 17.05 часот со пристигање во Рим во 18.55 (во вторник, среда и во сабота).

Летовите од Рим ќе бидат во 21.30 часот со пристигање во Скопје во 23.20 часот (во понеделник, четврток, петок и недела) и во 14.35 часот со пристигање во Скопје во 16.25 часот (во вторник, среда и сабота).

- Со ова ново директно поврзување за Рим, „Алиталија“ има цел да се зголеми туристичкиот сообраќај кон главниот град на Италија, како и директно да одговори на зголемената побарувачка за летови меѓу Македонија и Италија, која е резултат на засилената економска соработка и трговска размена меѓу двете земји - соопшти претставништвото на „Алиталија“ од Белград.

„Алиталија“ го назначи „ВАС тур оператор“ од Скопје, како генерален агент за територијата на Македонија, кој ќе нуди информации, резервации и авиобилети.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik